Мицов постигна тројка, Партизан и Будуќност ќе играат „мајсторка“

0Shares
0 0

Будуќност го победи Партизан со 72-71 и се избори за трет натпревар во полуфиналето од АБА лигата.

Црногорскиот првак го контролираше резултатот во текот на целиот меч, но во финишот се најде во негатива, по одличната серија на „црно-белите“. На 20 секунди пред крајот Мур го доведе Партизан во водство од 71-69 и постоеше можност гостите да дојдат до триумфот кој го носи во финале.

Сепак, во следниот напад Пери тргна кон кошот, имаше чиста ситуација за положување, а реши да го проигра Мицов кој беше немилосрден од дистанца. Во преостанатите четири секунди Партизан не успеа да упати шут и Будуќност го израмни резултатот. „Мајсторката“ е на програмата в среда во Белград.

0Shares
0 0