Младеновски од здравствени причини ја одби понудата од Литванија

0Shares
0 0

Центарот на македонската репрезентација Љубомир Младеновски и претстојната сезона ќе го носи дресот на Пелистер откако беше принуден да ја одбие понудата што за него стигна од литвански прволигаш.

Станува збор за Пиено кој се уште е во потрага по центар, но тоа дефинитивно нема да биде Младеновски. Нашиот кошаркар има проблеми со дланката поради што не играше на последните натпревари на репрезентацијата, во претквалификациите за Европското првенство во 2025 година против Данска и Словачка, па дури и претходната сезона во плејофот. Се уште траат прегледите и консултациите и сето тоа придонесе Младеновски, сепак, да остане во домашното првенство.

Интересно е тоа што Пиено денеска го објави трансферот на Дастин Вер, плејмејкерот кој минатата сезона беше член на МЗТ Скопје.

0Shares
0 0