Младинките први излегуваат на терен

0Shares
0 0

Со оглед на тоа што најрано го почнуваат настап на европските првенства од сите македонски селекции, женската М20 репрезентација попладнево почнува со подготвителните натпревари.

Првиот противник е Црна Гора со која денеска и утре од 17:30 часот во Подгорица ќе одигра два пријателски дуела. Црногорките се ривали на Македонија и на Европското првенство Б-дивизија што ќе се одржи во Скопје од 9 до 17 јули. Нашите кошаркарки се подготвуваат веќе две недели, додека Црна Гора се собра во петокот, на 17 јуни.

„Пред нас е вториот дел од подготовките во кој девојките треба да преминат на едно уште повисоко ниво. Во воведниот дел работевме доста и во двете насоки, и физичка и техничко-тактичка подготовка, па на овие две средби против квалитетна селекција каква што несомнено е Црна Гора, ќе видиме до каде сме стигнале во овој процес на подготвување на селекцијата за она што нè очекува во средина на јули, настапот на ЕП од Дивизијата ‘Б’ во Скопје.

За Црна Гора одиме некомплетни, недостасуваат Матеја Николиќ и Илина Селцова, а во деновите кои следуваат ќе видиме и каква е ситуацијата со Ана Цветковска “, изјави пред тргнувањето за Подгорица, селекторот Јелена Антиќ.

За првите „контроли“ во периодот на подготовките, Антиќ смета на следните кошаркарки: Михаела Алексовска, Рина Салиу, Камелија Игнатова, Елена Тасевска, Наталија Секуловска, Теона Поп Стојанова, Матеја Атанасовска, Елиана Христи Граматикова, Сара Максимовска, Марија Димитријевиќ и Моника Зафировска.

Планирано е пред првенството, македонската репрезентација да одигра две средби и со Швајцарија. Противници во групата од шампионатот се Косово, Романија, Хрватска и Црна Гора. Во стручниот штаб на младинската репрезентација е вклучен и Гркинката, Рафаела Султани.

0Shares
0 0