Веќе две недели, М20 репрезентацијата на Македонија се подготвува за Европското првенство Б-дивизија кое од 7 до 16 јули ќе се одржи во Скопје.
Првата, најтешката фаза е при крај, а претстојната недела, избраниците на Никола Василев ќе почнат со пријателски натпревари од кои селекторот ќе има можност да види до каде се кошаркарите со формата. Прв противник на македонската младинска селекција ќе биде Црна Гора со која нашиот тим ќе се сретне на 21 и 22 јуни на гостински терен. Засега, закажан е уште дуелот против Холандија и тоа на 2 јули во Скопје.

Позитивно е тоа што сите кошаркари од поширокиот список во моментов му се на располагање на Василев и, главно, се наоѓаат во добра форма, без посериозни повреди. По пријателските натпревари, селекторот со своите помошници Нино Чачиќ и Миодраг Тодоровиќ ќе го скрати списокот и ќе ги одреди 12. кои ќе настапат на Европското првенство.

На него, Македонија е во групата А, со Словачка, Бугарија, Чешка и Ирска, а својот прв натпревар го игра на 7 јули против Чешка од 18:30 часот.
СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ
Амар Хот – Феникс 2010
Марин Петков – Феникс 2010
Андреј Митревски – Феникс 2010
Карло Блажевски – МЗТ Скопје Уни Банка
Филип Пандев – МЗТ Скопје Уни Банка
Виктор Стојковски – МЗТ Скопје Уни Банка
Димитар Иванов – Навико Академија ФМП
Никола Василевски – Навико Академија ФМП
Лука Димитриевски – Куманово 2009
Милош Јовановиќ – Куманово 2009
Андреј Шошкиќ – Работнички
Петар Бошалески – Работнички
Филип Наков – Водно Санс
Никола Бојчев – Еуро Никел 2005
Тома Стојаноски – Гостивар
Христијан Настовски – Чаир 2030
Ненад Јовановиќ – Росето Баскет, Италија
Резарт Мемед – Сигал Приштина, Косово
Теодор Симиќ – Борац Бања Лука, БиХ
СТРУЧЕН ШТАБ
Селектор: Никола Василев
Асистент тренер: Нино Чачиќ
Асистент тренер: Миодраг Тодоровиќ
Кондициски тренер: Тони Богдановски