Од денеска до 16 јули, во Скопје се одржува Европското првенство Б-дивизија за кошаркари до 20-годишна возраст.
Одлична можност за македонската младинска селекција да се бори за пласман во елитната конкуренција каде не била веќе 16 години. Една од најталентираните генерации во поновата историја на нашата кошарка ќе ја има предноста на домашната публика во обидот да ја оствари својата најголема цел и да направи голем успех и исчекор во оваа категорија.

Иако станува збор за првенство од Б-дивизијата, македонската репрезентација воопшто нема да има лесна задача. Тоа можеше да се забележи и на претходните првенства на кои, исто така одеше со високи амбиции, а секогаш пред нас се испречуваше некоја недостижна пречка. Сега, фаворитската улога ја имаат селекциите на Чешка, Шведска и Финска: Чесите лани испаднаа од А-дивизијата, а сега имаат исклучително висока екипа, додека Шведска и Финска минатото лето за малку не се пласираа во елитата, на првенството што се одржа во Тбилиси.
Македонија сега е во групата А, заедно со Чешка, Словачка, Бугарија и Ирска, а ќе брка едно од првите две места кои водат во нокаут фазата. Натпреварувањето го стартуваме денеска од 18:30 часот со најтешкиот можен противник во групата – Чешка и евентуален триумф широко ќе ни ги отвори портите кон четвртфиналето.

Репрезентацијата предводена од Никола Василев во рамките на подготовките одигра три пријателски натпревари, ги победи Црна Гора и Холандија, а загуби на вториот меч со Црна Гора кога селекторот направи неколку промени во составот. Со оглед на тоа што најголемиот дел од овие кошаркари се стандардни првотимци во своите екипи, некои и интернационалци, може да се очекува добра кошарка и напад на првите три места кои освен што носат медал, носат и во повисок ранг.
ГРУПИ
ГРУПА А: Словачка, Бугарија, Чешка, Ирска, МАКЕДОНИЈА
ГРУПА Б: Луксембург, В.Британија, Португалија, Унгарија, Австрија
ГРУПА Ц: Косово, Шведска Украина, Грузија, Азербејџан
ГРУПА Д: Албанија, Финска, Летонија, Холандија, Швајцарија
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
ГРУПА А
7 ЈУЛИ (ПЕТОК)
13.30: Бугарија – Ирска
18.30: МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА
Словачка – слободна
8 ЈУЛИ (САБОТА)
18.30: Словачка – МАКЕДОНИЈА
21.00: Чешка – Бугарија
Ирска – слободна
9 ЈУЛИ (НЕДЕЛА)
16.00: Бугарија – Словачка
18.30: Ирска – Чешка
МАКЕДОНИЈА – слободна
10 ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК)
СЛОБОДЕН ДЕН
11 ЈУЛИ (ВТОРНИК)
18.30: МАКЕДОНИЈА – Бугарија
21.00: Словачка – Ирска
Чешка – слободна
12 ЈУЛИ (СРЕДА)
16.00: Чешка – Словачка
18.30: Ирска – МАКЕДОНИЈА
Бугарија – слободна
СОСТАВ НА МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
Марин Петков бек 192см. Феникс 2010-Скопје
Андреј Шошкиќ бек 187см. Работнички-Скопје
Тома Стојановски крило 198см. Гостивар
Резарт Мемед бек-шутер 192см. Сигал Приштина (Косово)
Петар Бошалески бек-шутер 192см. Работнички-Скопје
Никола Бојчев крило 192см. Еуро Никел 2005-Кавадарци
Филип Наков бек 194см. Водно Санс – Скопје
Андреј Митревски 190см. Феникс 2010 – Скопје
Амар Хот силно крило 199см. Феникс 2010 – Скопје
Виктор Стојковски центар 202см. МЗТ Скопје Аеродром-Скопје
Теодор Симиќ центар 215см. Игокеа (БиХ)
Никола Василевски бек 192см. Навико Академија ФМП-Скопје
СТРУЧЕН ШТАБ
Селектор: Никола Василев
Асистент-тренер: Нино Чачиќ
Асистент-тренер: Миодраг Тодоровиќ
Кондициски тренер: Тони Богдановски
Доктор: Веселинка Лалчевска
Физиотерапевт: Бранка Ступар