Младинците подобри од јуниорите

0Shares
0 0

М20 репрезентацијата на Македонија беше подобра од М18 селекцијата со 81-61 во првиот подготвителен натпревар за двете екипи ова лето.

Дуелот се одигра во Маврово каде претходните седум дена се подготвуваа младинците, а вчера допатуваа јуниорите. Младинската репрезентација четири дена порано ги почна подготовките, а денеска се врати во Скопје каде ќе продолжи со тренинзи, до одигрување на следните подготвителни натпревари. Денешниот дуел беше добра можност за селекторите Никола Василев и Тони Симиќ да видат до каде се нивните екипи во кревањето на формата за тоа што им претстои.

Младинската репрезентација ќе учествува на Европското првенство Б-дивизија во Тбилиси од 15 до 24 јули, а од 30 јули до 7 август, јуниорите ги очекува настап на континенталниот шампион во Измир.

фото: КФСМ

0Shares
0 0