Американската кошаркарска репрезентација оствари убедлива победа во својот прв пријателски натпревар во пресрет на Светското првенство.
Противник на САД во Лас Вегас беше Порторико кого четата на Стив Кер го совлада со 117-74. Со тоа, Американците испратија порака дека иако се во ослабен состав, ќе имаат што да кажат на Мундијалот на Далечниот исток.
Најефикасни поединци во американската селекција беа Ентони Едвардс и Камерон Џонсон со по 15 поени, а Бриџис додаде 14. Тремонт Вотерс со 17 поени ги предводеше Порториканците.
Многу посериозни тестови, САД ќе имаат претстојниот викенд кога ќе учествуваат на силен турнир во Малага, заедно со репрезентациите на домаќинот Шпанија и Словенија.