(ФОТО) Морант се одјави и ги извади сите од памет

0Shares
0 0

Суперѕвездата на Мемфис Гризлис, Џа Морант повторно е главен во жолтиот печат откако денеска преку социјалните мрежи упати неколку чудни пораки со кои исплаши многу луѓе.

На Инстаграм, тој објави повеќе фотографии и пораки до своите блиски, неговите татко и мајка и на крајот напиша само едно „Збогум“, а потоа ги избриша и го деактивира профилот. Со оглед на постапките од последните месеци, играњето со огнено оружје и осудата што ја доби од јавноста и медиумите, многумина помислија на најлошото, па мораше да реагира и полицијата во Тенеси.

Полицајци го посетиле неговиот дом за да се уверат дека е добар, а изјава за медиумите даде портпаролот на канцеларијата на шерифот Џон Морис.

„Не извести дека само прави пауза од социјалните мрежи“, рече Морис, па најблиските на Морант можеа да здивнат и да не се плашат повеќе дека ќе направи нова глупост.

Кошаркарот на Мемфис беше суспендиран на 14 мај откако ден порано на социјалните мрежи објави видео како држи пиштол на совозачко место во автомобил. Тоа беше вторпат во период од три месеци, 23-годишниот кошаркар да покаже огнено оружје, претходно истото го направи во стриптиз клуб во Денвер. По првото објавување, тој доби суспензија од осум натпревари и тоа го чинеше 669 илјади долари од неговата плата. Американските медиуми шпекулираат дека сега може да помине полошо бидејќи суспензија до 20 натпревари ќе го чини 231 илјада долари по меч, а над 20 натпревари, по 304 илјади долари по меч.

0Shares
0 0