Како што минатата недела најави КОШ.МК, американскиот интернационалец Двејн Морган во новата сезона ќе биде член на ТФТ Моцарт.
Крилниот играч го носеше црно-белиот дрес во финишот од сезоната 2021/22, претходно играше и во Феникс и остави фантастичен впечаток. Дојде пред крајот на основниот дел од сезоната и на 12 натпревари за ТФТ Моцарт, просечно постигнуваше по 9,2 поена и 5,2 скока.
Морган е вкупно четврто засилување за ТФТ Моцарт ова лето, трето странско, по Треј Верц и Џелани Симонс. Нов член на екипата е и довчерашниот играч на Работнички, Павел Данаиловски.