Босанскиот интернационалец Недим Мустафица и трета сезона по ред ќе биде дел од македонското првенство.
Тој го продолжи договорот со Чаир на уште една година и ќе биде еден од носителите на играта на овој тим претстојната натпреварувачка кампања. Во Македонија, тој дојде во 2021 година преку Работнички, лани почна во Пелистер, па се пресели во Чаир каде ќе остане и во иднина. Мустафица е четврти кошаркар на чаирскиот прволигаш кој го продолжи договорот со клубот, по Фатјон Реџа, Јован Александровски и Предраг Пајиќ.
Минатата сезона, Босанецот одигра девет натпревари за Чаир со ефект од 17,6 поени и 10,6 скока со што имаше огромен придонес во изборувањето опстанок во Првата лига на Македонија.