Мустафица си замина од Работнички!

0Shares
0 0

Босанскиот интернационалец Недим Мустафица нема да биде член на Работнички во вториот дел од сезоната, потврди кошаркарот за КОШ.МК.

Еден од најдобрите во редовите на најтрофејниот македонски клуб си заминал од Градски парк поради неисплатени плати, а тој има и семејни причини поради кои сака да се врати дома. Мустафица беше меѓу најзаслужните што составот на Тони Симиќ оствари резултати над своите можности по првите 12 кола е во горниот дел од табелата во Првата лига.

Во овој дел од првенството, тој просечно постигнуваше по 15,3 поени, 8,8 скока и 1,7 асистенции.

0Shares
0 0