МЗТ го разнесе Борац на турнирот во Земун

0Shares
0 0

Македонскиот шампион МЗТ Скопје ја оствари третата победа во рамките на подготовките за новата сезона, совладувајќи го поранешниот ривал во АБА 2 лигата, Борац Бања Лука со 85-66.

Мечот се играше во рамките на турнирот „Земун куп“ на кој аеродромци утре ќе играат во финалето, против домаќинот Младост. МЗТ Скопје доминираше во текот на сите 40 минути, но клучната предност ја направи во втората и третата четвртина кои ги доби со вкупен резултат 52-28. Како резултат на тоа, во последните 10 минути влезе со предност од 75-48, па малото опушањето во четвртиот квартал го спаси Борац од тотална катастрофа.

Странските кошаркари го предводеа македонскиот првак на овој меч. Најефикасен беше турскиот интернационалец Самет Јигитоглу со 17 поени, Кафи додаде 13, Миќовиќ 11, а Максвел 10. Финалето се игра утре од 20 часот, а од 17 ќе се сретнат Борац и Вршац во мечот за третото место.

0Shares
0 0