МЗТ ќе мора по најтешкиот пат кон АБА елитата

0Shares
0 0

Единствениот македонски клуб кој обезбеди пласман во елитата од АБА 2 лигата го дозна својот противник за четвртфиналната фаза.

Откако вечерва Студентски центар ја совлада Подгорица со 100-82, стана јасно дека МЗТ Скопје ќе игра со српскиот претставник Младост. Екипата од Земун беше по мерка на тренерот Дарко Радуловиќ, но проблемот е она што следува по евентуалниот триумф над неа.

Ривал во полуфиналето ќе биде Студентски центар, најдобриот тим во досегашниот дел од АБА 2 лигата и прв фаворит за директен пласман во АБА лигата. Во лигашкиот дел МЗТ Скопје загуби и од Младост и од Студентски центар, од Србите со 75-82, а од Црногорците со 75-92.

0Shares
0 0