АБА лигата денеска го објави распоредот на натпревари за претстојната сезона во Втората лига во која првпат ќе има три македонски клубови.
Новата натпреварувачка кампања стартува на 9 октомври, повторно ќе се игра турнирски, а засега се познати само 13 клубови кои ќе учествуваат. Последниот ќе се знае по квалификациите, во кои ќе играат Војводина-Спарс и Илирија-Босна. Полуфиналето од квалификациите ќе се играат од 23 до 27 септември, а финалето од 1 до 5 октомври.
Од македонските клубови, во оваа конкуренција ќе учествуваат шампионот МЗТ Скопје како испаднат од АБА лигата, вицепрвакот Пелистер и третопласираниот по основниот дел од сезоната во македонското првенство ТФТ Моцарт. Во првото коло, МЗТ Скопје ќе игра со Цедевита Јуниор, Пелистер со Шенчур, а ТФТ Моцарт со Златибор.
Првиот судир меѓу нашите екипи е веќе во вториот круг кога ќе се сретнат Пелистер и МЗТ Скопје, во четвртото играат Пелистер и ТФТ Моцарт, а во 11. МЗТ Скопје и ТФТ Моцарт.
ДВОЈКИ ЗА 1. КОЛО (9-11.10.2023)
Борац – Шибенка
Подгорица – Сутјеска
Спартак – Хелиос Санс
Шенчур – Пелистер
МЗТ Скопје – Цедевита Јуниор
Квалификант – Широки
ТФТ – Златибор
Целиот распоред можете да го погледнете на овој ЛИНК.