Шампионот на Македонија, МЗТ Скопје денеска ќе го одигра својот последен натпревар на турнирот од АБА 2 лигата што се одржува на Златибор.
Точно напладне, аеродромци ќе играат со Борац од Бања Лука кој во досегашниот дел од сезоната има идентичен биланс како МЗТ (2/2). Двете екипи досега одиграле два меѓусебни дуели, двата во рамките на АБА 2 лигата на кои славеше македонскиот МЗТ Скопје
МЗТ Скопје има можност првпат оваа сезона да има позитивен биланс во АБА 2 лигата. Загуби во првото коло од Цедевита Јуниор и во третиот од Хелиос, а ги победи Пелистер и Сутјеска. Борбата за пласман во плеј-офот е жестока и не е дозволен кикс против незгодниот ривал.
Останатите два македонски претставника, ТФТ и Пелистер, своите натпревари од петтото коло на АБА 2 лигата ќе ги одиграат утре.