Довчерашниот играч на шпанскиот второлигаш Љеида, Марко Баковиќ по се изгледа ќе биде прво засилување за МЗТ Скопје ова лето.
КОШ.МК неофицијално дознава дека преговорите со 30-годишниот босанско-хрватски кошаркар се во завршна фаза и дека би можел наскоро да биде промовиран како нов играч на актуелниот шампион. Наводно, се чека да се покријат сите долгови кон кошаркарите за да се тргне во акција за комплетирање на тимот.
Баковиќ е висок 205 сантиметри, ги покрива позициите 4 и 5, а минатата сезона ја почна во редовите на Цибона за која одигра 22 натпревара во АБА лигата со просек од 6,5 поени и 2,9 скока. Претходно, во својата кариера играше и за Горица во Хрватска, како и во Италија, Исланд и БиХ.