Македонскиот првак МЗТ Скопје денеска го одигра вториот подготвителен натпревар во пресрет на новата сезона, но уште ја чека првата победа.
По поразот од Арис во Солун во вторникот (67-87), аеродромци денеска во „Јане Сандански“ загубија и од косовскиот тим Пеја со 94-109. Клучната предност, гостите ја направија во третата четвртина која ја добија со 38-27. Пеја неделава одигра уште два пријателски меча во Скопје во кои забележа победа над Феникс и пораз од ТФТ Моцарт.
Најефикасен во тимот на МЗТ Скопје беше Баковиќ со 17 поени од кои пет тројки, Расел додаде 16 поени, а а Танасковиќ и Андоноски по 11. Следниот пријателски меч, шампионот го игра на 14 септември против Гостивар, а генералните проби ќе бидат против бугарскиот прволигаш Рилски Спортист на домашен терен, на 18 и 19 септември.