МЗТ Скопје го освои турнирот во Земун

0Shares
0 0

Актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје е победникот на турнирот „Земун куп“ кој се одржуваше последните два дена.

Во финалниот меч, повратникот во АБА лигата го совлада домаќинот Младост со 86-80, продолжувајќи ја серијата победи во рамките на подготовките за новата сезона. Ова е четврти триумф за МЗТ во дуелите со Арис, Здравље, Борац Бања Лука и Младост.

Денешниот меч почна со подобра игра на домаќинот кој во првата четвртина имаше и двоцифрено водство (15-5). МЗТ врати со иста мера во вториот квартал, а во третиот веќе ја презеде контролата над резултатот и не ја испушти до крајот.

Мајк Кафи со 19 поени беше најефикасен во редовите на македонскиот тим, Миќовиќ додаде 12, а Максвел и Дамјан Стојановски по 11.

0Shares
0 0