МЗТ Скопје ќе има и нов спортски директор!?

0Shares
0 0

Продеканот за настава на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје Борче Даскаловски ќе биде нов спортски директор на МЗТ Скопје, неофицијално дознава КОШ.МК.

Станува збор за еден од најквалитетните млади кошаркарски стручњаци во земјава и минатата сезона тренер на вториот тим на аеродромци, МЗТ Скопје УБ. За неговото име се врзани неколку историски резултати на оваа екипа, како првата победа во Првата лига, опстанокот во елитната конкуренција итн., а сето тоа остварено со најмладиот состав во елитната дивизија.

Иако само 38-годишен, Даскаловски има долго тренерско искуство, како шеф на стручниот штаб на Вардар, помошник и потоа прв тренер на Карпош Соколи, асистент на Емил Рајковиќ во Астана и лани тренер на МЗТ Скопје УБ.

Минатото лето Даскаловски одби да го продолжи договорот со МЗТ Скопје УБ и ја напушти функцијата. Во тој период се шпекулираше дека би можел да го замени Дарко Радуловиќ во „првиот“ тим, но до такво нешто не дојде.

Даскаловски ќе биде дел од реорганизацијата на МЗТ Скопје, откако денеска беше објавено дека нов извршен директор на клубот ќе биде Филип Ѓоревски.

0Shares
0 0