МЗТ Скопје по примерот на регионалните гиганти – пушта во продажба сезонски билети

0Shares
0 0

По пауа од четири години, МЗТ Скопје се враќа во елитната дивизија од АБА лигата, а првпат од почетокот на пандемијата со корона вирусот, ќе има згуснат распоред, со по два натпревара неделно.

Паралелно со домашното првенство, аеродромци ќе настапуваат во регионалното натпреварување и во скопската населба се враќаат гигантите од поранешна Југославија. На една недела пред почетокот на сезоната, МЗТ Скопје најави продажба на сезонски билети кои наскоро ќе бидат пуштени во продажба.

„Атмосферата зоврива, интересот е голем, поради што веќе може да го најавиме стартот на продажбата на сезонските влезници, кои ќе важат за сите домашни натпревари на МЗТ Скопје Аеродром до јуни следната година.

Тоа значи следење на 13 средби од АБА-лигата и најмалку 15-тина во домашното првенство, на загарантирано место во салата кое ќе биде само ваше. Цените се популарни и тоа 2.500 денари за трибините со ознака „А“ и 2.000 денари за повисоките блокови во салата „Јане Сандански“.

Подетални информации околу продажбата на сезонските влезници ќе ги објавиме следната недела“, се вели во клупското соопштение.

Интересно е тоа што првите два натпревара од новата сезона (со Суперкупот три), ги игра како гостин: два пати против ТФТ во Кале и кај Црвена Звезда во Белград. Прв противник во „Јане Сандански“ ќе биде Партизан, на 10 октомври.

0Shares
0 0