На денешен ден пред 32 години: Југопластика ја почна својата европска доминација!

0Shares
0 0

Крајот на деветтата и почетокот на последната деценија од минатиот век во целост им припаднаа на сплитските „жолти“ кои во период од три сезони освоија три титули во тогашниот Куп на европски шампиони.

До првата од нив стигнаа на 6 април 1989 година, во финалето од завршниот турнир што се одржа во Минхен. Иако замина како тотален аутсајдер во друштво на Арис, Барселона и Макаби, Југопластика изненади и го направи првиот чекор кон хет-трикот со кој запиша нова страница во историјата на европската кошарка.

Во полуфиналето ја совлада Барселона со 87-77, а во финалето се сретна со Макаби кој осум години чекаше на титула во елитното натпреварување и претходните две години, исто така, стигна до мечот за трофејот, но доживеа порази.

Во финалниот меч Југопластика победи со 75-69, блескаше Дино Раџа кој оствари дабл-дабл со 24 поени и 10 скока и потоа беше прогласен за МВП на завршниот турнир. За разлика од другите три екипи кои играа во Минхен, Југопластика немаше ниеден странски кошаркар, односно до титулата дојде со 100% домашни играчи и тренер. Освен Раџа, играа уште: Лука Павичевиќ, Душко Ивановиќ, Горан Собин, Зоран Сретеновиќ, Тони Кукоч, Велимир Перасовиќ, Тео Чизмиќ, Ивица Буриќ и Жан Табак.

0Shares
0 0