На Лилард му е преку глава од Портланд, ќе бара трејд

0Shares
0 0

Еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, Дејмијан Лилард е заситен од неуспесите со тимот на Портланд и најави дека претстојните денови ќе побара да си замине.

Иако има договор до 2024 година за вкупна вредност од 225 милиони долари и по девет сезони поминати во Блејзерс, Лилард заклучил дека е време за разделба и за нови предизвици во кариерата. Веќе има четири екипи кои се заинтересирани за него, на прво место е Голден Стејт кој веќе подготвува понуда за трејд, а тука се уште Филаделфија, Њујорк и Лејкерс. Најголем проблем е токму високиот договор, но кој и да го добие, ќе стане кандидат за шампионската титула.

Последната сезона, Лилард одигра 67 натпревари со просек од 28,8 поени, 4,2 скока и 7,5 асистенции. Сепак, Портланд беше елиминиран во првата рунда од плеј-офот од Денвер со 2-4.

0Shares
0 0