Еден од најталентираните млади стручњаци во земјава полека тргнува по стапките на својот славен дедо Лазар.
Во годината што завршува Андреј Апостолски Лечиќ беше исклучително ангажиран и на клупски и на репрезентативен план, а успехот со Работнички му го донесе големото лично признание. Како резултат на титулата во М16 лигата, тој е прогласен за најдобар тренер на машка екипа во младинските лиги.
Конкуренција на Апостолски Лешиќ во оваа категорија му беа Денис Дервишевиќ од Феникс и Нермин Пепиќ од Партизан Водно Санс.
Фото: КФСМ