Најдобра млада кошаркарка – Михаела Алексовска

0Shares
0 0

Големиот талент на македонската женска кошарка имаше година за паметење, како во младинска, така и во сениорска конкуренција и со М16 репрезентацијата.

Ја предводеше Крива Паланка до титулата во кадетска категорија, со 29 постигнати поени во финалниот меч кој не го доигра поради пет лични грешки. Два месеца подоцна ја предводеше македонската селекција на ФИБА Челинџерот во Тбилиси каде кадетките убедливо ја освоија титулата, со победи од 40-50 разлика.

Конкуренција на Алексовска за признанието за најдобра млада кошаркарска ѝ беа Марија Николов од Бадел и Ања Начевска од Вардар.

фото: КФСМ

0Shares
0 0