Најголемиот талент на Водно Санс на проба во Милано, одличен против Реал

0Shares
0 0

Кадетскиот репрезентативец на Македонија, Никола Јаничиќ оваа недела е на проба во тимот на Олимпија Милано со кого настапува на турнирот „No Borders Euro Cup“ што се одржува во Трст.

На турнирот за кошаркари до 16 години учествуваат уште Реал, Баерн, Олимпија Љубљана, Барселона, Басано, Стела Аѕура и Партизан. Јаничиќ синоќа играше против Реал и се претстави во одлично издание. Официјално, според статистиката, постигна 11 поени (на снимката се гледаат 13) и беше втор стрелец во тимот на Милано , по Граси кој реализира 14. Реал, сепак, беше подобар и триумфираше со 70-59.

Во стручниот штаб на Милано на овој турнир е и првиот човек на Партизан Водно Санс, Горан Андреевски кој му помага на 15-годишниот кошаркар побрзо и полесно да се вклопи во тимот.

Денеска од 15 часот, Јаничиќ го очекува дуел со Баерн, а утре со Олимпија. Интерес за него претходните месеци покажаа уште неколку европски гиганти, а во договор со Партизан Водно Санс ќе одлучи дали ќе прифати некоја од бројните понуди или ќе ја доигра сезонава во Македонија.

0Shares
0 0