Најмладите ќе се борат за титулата во Кале

0Shares
0 0

Кошаркарскиот клуб Вардар од Скопје ја доби организацијата на финалниот турнир од М12 лигата-жени откако понуди најдобри услови на денешната лицитација во Кошаркарската федерација.

Ф4 во оваа категорија ќе се одржи претстојниот викенд во СРЦ Кале, во првото полуфинале, на 27 мај од 12 часот, ќе се сретнат екипите на Вардар и Баскет Кам од Македонска Каменица, а два часа подоцна, за место во финалето ќе се борат Патриот од Делчево и Струга.

Во истите термини в недела ќе се играат натпреварите за пласман по што ќе биде познат новиот шампион во конкуренција на помлади пионерки. Освојувачот на титулата ќе добие парична награда од 25 илјади денари, поразениот во финалето ќе заработи 15, а трето и четвртопласираната екипа по 10 илјади денари.

М12 ЛИГА-ЖЕНИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
27.МАЈ (САБОТА) – ПОЛУФИНАЛЕ
12:00: Вардар – Баскет Кам 2011
14:00: Патриот 2016 – Струга 2009
28.МАЈ (НЕДЕЛА)
12:00: За трето место (поразен 1) – (поразен 2)
14:00: Финале (победник 1) – (победник 2)

фото: КФСМ

0Shares
0 0