Нанели го спаси Партизан од срам на векот

0Shares
0 0

Партизан и Студентски Центар в понеделник ќе играат „мајсторка“ откако белградскиот тим вечерва како гостин славеше со 81-79 и израмни на 1-1 во „мајсторката“.

Малку недостасуваше да дојде до уште еден сензационален резултат бидејќи црногорскиот претставник долго време се наоѓаше во водство, а и на 25 секунди пред крајот испушти шанса да израмни преку Ивишиќ од линијата за слободно фрлање. Херој на Партизан стана Џејмс Нанели кој ја погоди клучната тројка на околу шест секунди пред крајот за водство ов 81-77, но Американецот ги реализира последните осум поени на својот тим со што го спаси од срам на векот.

„Мајсторката“ ќе се игра на теренот на Партизан кој не изгледа добро во оваа плејоф серија, веројатно како резултат на емотивното празнење од натпреварите против Реал, во четвртфиналето од Евролигата.

0Shares
0 0