Поради прекинот што се случи на 2:46 пред крајот на третиот квартал, четвртиот меч од финалната серија на грчкото првенство не се доигра, па Олимпијакос службено го доби овој натпревар и со 3-1 стигна до шампионската титула, 14. во клупската историја.
Конечниот резултат е 20-0 иако во моментите на прекинот, Олимпијакос водеше со 63-35. Откако судиите официјално означија крај на натпреварот, „црвено-белите“ се вратија во арената „Мир и пријателство“ во Пиреја и со околу 3.000 свои навивачи ја прославија титулата.
Со тоа, Олимпијакос ја комплетираше двојната круна (тројна, заедно со Суперкупот на Грција), а малку недостасуваше сезоната да ја заврши на перфектен начин бидејќи трофејот во Евролигата му избега за еден поен, односно еден напад.