Иако постоеше голема веројатност, црногорскиот стручњак Дејан Радоњиќ да го преземе тимот на Будуќност и да се врати таму каде што ја заврши кариерата, тоа, сепак, нема да се случи.
Медиумите во Црна Гора објавија дека Радоњиќ официјално ја одбил понудата од Подгорица, а причина за тоа се навивачите на Будуќност. Наводно, додека траеле преговорите, низ градот се појавиле голем број навредливи графити од навивачката група „Варвари“ по што Радоњиќ заклучил дека не е добредојден во овој клуб. Нејасни се причините за ваквата реакција на навивачите имајќи предвид дека 53-годишниот стручњак имаше големи успеси додека седеше на клупата на подгоричкиот тим.
Тој беше предводник на Будуќност од 2005 до 2013 година, период во кој, меѓу другото, два пати го однесе тимот до четвртфиналето на Еврокупот. Во моментов, тој е без ангажман по неуспешната епизода во Панатинаикос од каде доби отказ на средината од сезоната.