Легендата на Реал и актуелен играч на Далас Маверикс, Лука Дончиќ планираше во неделата во живо да го проследи финалето од Евролигата во кое неговиот поранешен тим во Каунас, против Олимпијакос се бореше за титулата.
Иако беше најавено неговото присуство, тој не се појави во Жалгирио арената и до денеска никому не му беше јасно зошто го нема. Причината е бизарна, а се однесува на навивачите на Олимпијакос кои минатиот викенд го преплавија Каунас.
@rudy5fernandez celebrates with @luka7doncic 🎩@RMBaloncesto I #F4GLORY pic.twitter.com/Ao1NL7Ke41
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) May 21, 2023
Поради големиот број чартер летови со навивачи на грчкиот тим, немало доволно простор и време за слетување на приватниот авион на Дончиќ, па тој се откажал од идејата да го проследи финалето и се вратил во Љубљана. Неговиот поранешен соиграч од Далас, Кристапс Порзингис присуствуваше на финалето, но нему не му беше толку тешко да дојде до Каунас. Тој порано пристигна во својата татковина Летонија и со автомобил поминал 300 километри за да го гледа најголемиот спектакл во европската кошарка оваа сезона.
Дончиќ не успеа да стигне, но веднаш по финалето му се јави на Руди Фернандес и со останатите кошаркари на Реал ја прослави титулата.