Навивачите на помош на Гостивар во тешките моменти!

0Shares
0 0

По вчерашниот инцидент на мечот со Пелистер, Гостивар доби парична казна од 165 илјади денари и суспензија на салата на претстојните два натпревара.

Еден сигурно ќе игра оваа сезона, а вториот зависи од тоа дали екипата ќе се пласира во плејофот. Последниот меч од Суперлигата, во својата сала, Гостивар го утре в среда против МЗТ Скопје и нема да ја има помошта од навивачите што ќе биде огромен хендикеп бидејќи тимот се бори за местата кои водат во разигрувањето за титулата.

Сепак, фановите одлучија да пуштат симболични билети во продажба, со цел финансиски да му помогнат на клубот во тешките моменти.

„Сите видовме што се случи на натпреварот и на сите им е јасно кој беше виновник за несаканите сцени. Намалку што очекувавме е Гостивар да добие вакви казни, но ние ја правиме оваа иницијатива за да ја изразиме нашата поддршка и да овозможиме секој гостиварец да може да му помогне на клубот во оваа неправда. Влезниците за натпреварот со МЗТ Скопје ќе се продаваат по цена од 50 денари, ги повикуваме сите љубители на кошарката и сите гостиварци да купат што повеќе влезици, се разбира, секој според можностите“, велат од иницијативата, а пренесува порталот gostivarpress.mk.

Со собраните средства, навивачите ќе се обидат да му помогнат на клубот да ги плати високите казни.

0Shares
0 0