НБА засилување во Реал за идната сезона?

0Shares
0 0

Во периодот кога се бори за пласман во плеј-офот од Евролигата, десеткратниот европски првак ги разгледува можностите за засилувања за претстојната натпреварувачка кампања.

Со Реал веќе се поврзуваа Тома Ертел и Мајк Џејмс, а сега медиумите во Шпанија тврдат дека меѓу приоритетите е францускиот интернационалец Венсан Поарие. Поранешниот кошаркар на Басконија последните 18 месеци ги помина во НБА, но од пред една недела е без клуб откако по трејдот од Њујорк во Филаделфија, доби отказ, наводно поради конфликт со тренерот Док Риверс.

И покрај тоа што играше во НБА, Французинот постојано истакнуваше дека нема проблеми да се врати во Европа ако не е посакуван во САД. Реал бара квалитетно засилување на центарската позиција за да му помогне на Валтер Таварес, а Поарие со своето искуство ги исполнува условите.

За Басконија играше две сезони, настапи на вкупно 147 меча во сите натпреварувања и просечно постигнуваше по 8,9 поени, 5,8 скока и 1 блокада.

0Shares
0 0