Мега засилување за Олимпија!

0Shares
0 0

Првпат во својата кариера, словенечкиот репрезентативец Зоран Драгиќ ќе го облече дресот на најтрофејниот тим во неговата татковина – Олимпија.

Откако на 1 јануари му истече договорот со Жалгирис и стана слободен играч, братот на Горан Драгиќ одлучи да се врати во Словенија и до крајот на сезоната ќе биде член на екипата од Љубљана. Иако Олимпија е синоним за словенечката кошарка, Драгиќ во својата земја играше за Илирија, Слован, Јанче и Крка.

Освен тоа, една година, без поголем успех, помина во НБА лигата, како член на Феникс и Мајами за кои одигра вкупно 16 натпревар со просек од 1,8 поени и 0,3 асистенции.

0Shares
0 0