Не играше 424 дена, си обезбеди 47,4 милиони долари

0Shares
0 0

Првиот пик од драфтот во 2010 година, Џон Вол ја искористи опцијата за продолжување на договорот со Хјустон Рокитс за идната сезона и ќе остане во франшизата од Тексас за 47,4 милиони долари.

Платата што тој ќе ја добие претстојната натпреварувачка кампања ќе биде во топ-3 во НБА, а на ваков чекор се одлучи иако не одиграл ниеден меч веќе 424 дена. Последниот настап го забележа на 23 април 2021 година.

Во 2018, Вол потпша четиригодишен договор со Вашингтон Визардс кој почна да важи од сезоната 2019/20. Оттогаш одигра само 40 натпревари за кои досега заработи 123,7 милиони долари што значи дека секој настап му вреди нешто повеќе од три милиони долари. Поради повреда ја пропушти цела сезона 19/20, а во декември 2020 година беше трејдуван во Хјустон. Таа сезона ги одигра спомнатите 40 натпревари, а потоа не сакаше да игра за Рокитс и паузираше цела година.

Претстојната сезона од него повеќе ќе заработува само Стеф Кари (45,7 милиони долари), а Вол ќе има идентична плата како Харден. Можно е меѓу нив да се вклучи и Никола Јокиќ.

0Shares
0 0