Српскиот репрезентативец Никола Јокиќ апсолутно заслужено и очекувано е прогласен за МВП на финалната серија од НБА лигата во која неговиот Денвер го победи Мајами со 4-1.
На петте натпревари, центарот на Нагетс просечно постигнуваше по 30,2 поена, 14 скока и 7,2 асистенции, па никој не се ни сомневаше дека тој ќе го добие престижното признание. Дури сега делува смешен изборот за МВП на основниот дел од сезоната каде награата отиде во рацете на Жоел Ембид.
Nikola Jokic is your 2023 NBA Finals MVP 🙌pic.twitter.com/PHZdPmoSJ1
— ClutchPoints (@ClutchPointsApp) June 13, 2023
Титулата од НБА лигата е прв трофеј во професионалната кариера на Никола Јокиќ од кого сега се очекува да ја предводи српската репрезентација на Светското првенство што ќе се одржи претстојното лето.