Не му е годината на Леброн – и фудбалскиот клуб му изгуби

0Shares
0 0

Очајната сезона на Леброн Џејмс во НБА лигата е надополнета со поразот на Ливерпул во финалето од Лигата на шампионите.

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс е ко-акционер во премиерлигашот и се надеваше на успех на „црвените“ на синоќешниот меч во Париз, дури си донесе и свои пријатели меѓу кои и Кевин Лав, но на крајот не се израдува. Реал ја освои титулата, вторпат во четири години совладувајќи го Ливерпул, сега со 1-0.

Пред две недели Леброн прогнозираше победа на Ливерпул со 4-3, но финалниот меч не беше толку ефикасен и „падна“ само еден гол. Стрелец беше Винисиус во 59. минута.

Капак на очајот на Леброн, кој со Лејкерс не успеа да се пласира ни во плејофот во НБА беше скандирањето на навивачите на Реал, упатено кон него: Мајкл Џордан е подобар.

0Shares
0 0