Екипата на ЦСКА доживеа елиминација во четвртфиналето од ВТБ Суперкупот откако денеска загуби од Локомотив Кубан со 98-100 по продолжение.
Тоа е истиот тим кој минатата сезона ја исфрли ЦСКА од плејофот во ВТБ лигата, совладувајќи ја во полуфиналето со 4-3. ЦСКА подобро го почна натпреварот, поведе со 22-9, но Локомотив брзо ја достигна високата негатива и до крајот се играше израмнето. ЦСКА имаше шут за победа во основниот дел од мечот, но Руженцев не беше прецизен и мечот отиде во продолжение. Дополнителните пет минути Локомотив ги отвори со 8-0, серија која се покажа недостижна за ЦСКА.
Бадијала беа 44 поени на Каспер Вер кој имаше фантастична вечер, но се покажа дека на ЦСКА ѝ е потребно уште време за воигрување. Локомотив Кубан во полуфиналето ќе игра против Фенербахче кој беше подобар од МБА со 94-79.