Канада ја оствари највисоката победа во досегашниот дел од Светското првенство, совладувајќи го Либан со 128-73.
По само три четвртини, Канаѓаните веќе ја пробија границата од 100 поени, па во финишот со помека игра во одбраната му дозволија на противникот да стигне барем до 73. Сепак, овој натпревар уште еднаш ја отвори дилемата, која е поентата од ваков формат на мундијалите, со учество на 32 репрезентации кога некои од нив се илјадници милји поназад од квалитетот на другите.
Претходните денови имаше и други слични резултати, како победата на Србија против Кина со 42 разлика, на Бразил против Иран со 41, а Либан и од Летонија доживеа убедлив пораз, но со 39 разлика. Практично, ниеден аутсајдер досега не им се закани на фаворитите, дури не се избори ни за пристоен пораз.
Од овој мел, куриозитет е тоа што дури девет кошаркари од канадската репрезентација, од 11 колку што играа, постигнаа двоцифрен беој поени. Лу Дорт воопшто не влезе во теренот, а едноцифрени останаа само Пауел и Скраб. Најефикасен беше Берет со 17 поени.