Нема македонско финале во Плевен

0Shares
0 0

Екипата на Пелистер доживеа пораз од домаќинот Спартак во вториот меч од турнирот што се одржува во Плевен.

Битолчани загубија со 74-87, па нема да има македонска пресметка во финалето од овој турнир. Спартак водеше речиси цел натпревар, но во првите 15 минути разликата не беше висока. Во финишот од полувремето, благодарение на Маринов и Стојанов, сепак, домаќинот се одлеши на 44-37 за во вториот дел целосно да доминира над нашиот тим.

Прво се одлепи на 55-44, а по 30 минути игра веќе имаа убедливи 71-54. Пред крајот Пелистер успеа само делумно да ја намали високата негатива. Најефикасен во редовите на македонскиот прволигаш беше Рајл Овенс со 19 поени.

Утре од 15:30 часот, Пелистер ќе игра за третото место против Левски, а два часа подоцна на програмата е финалето меѓу ТФТ и Спартак.

0Shares
0 0