На 56-годишна возраст, денеска ненадејно почина поранешниот руски репрезентативец и кошаркарска легенда на својата земја Сергеј Бабков.
Роден во 1967 година, во 90. години од минатиот век беше стандарден член на националниот тим на Русија која тогаш оствари низа големи резултати. Меѓу другото, Бабков играше на светските првенства во 1994 и 1998 година кога Русите освоија сребрени медали што се нивни најдобри резултати на планетарните шампионати по распадот на СССР. Во финалниот меч од Мундијалот во 1994 година, Бабков беше најдобар стрелец со 22 поена, но Русија тогаш загуби од САД со 91-137.
Бабков имаше и настап против македонската репрезентација во квалификациите за Европското првенство во 1999 година. Натпреварите се играа во ноември 1997 и 1998 година, а на првиот меч, одигран во Москва постигна 11 поени и 6 асистенции.