Екипата на Уникс Казан брзо го заборави поразот од Рума од пред неколку дена и без поголеми проблеми славеше на гостувањето кај Парма во 87-77.
Најголема заслуга за триумфот повторно имаше македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ. За нешто помалку од 29 минути во игра, нашиот кошаркар постигна 20 поени, плус 4 асистенции и 2 скока и пак беше најефикасен играч не само во својата екипа, туку воопшто на натпреварот.
Со оваа победа Уникс остана на втората позиција на табелата со биланс 7/2, зад ЦСКА на Емил Рајковиќ која е единствена со максимален ефект во досегашниот дел од сезоната во ВТБ лигата.