Словенечката суперѕвезда Лука Дончиќ е на добар пат наскоро да го добие највисокиот договор во историјата на кошарката.
Ако уште еднаш биде избран на Ол стар натпреварот, кошаркарот на Далас Маверикс ќе биде квалификуван, во 2025 година да потпише супермакс договор со својот тим, во времетраење од пет сезони. Во сегашни услови, тој договор би изнесувал вкупно 318 милиони евра, но со оглед на планираното зголемување на селари капот, тој ќе биде дури 367,5 милиони долари со тоа што во последната сезона, Дончиќ ќе заработи 83,6 милиони.
Со тоа, Словенецот ќе стане апсолутно најплатен кошаркар во историјата и убедливо ќе го надмине сегашниот рекордер Стеф Кари чија годишна плата изнесува 51,9 милиони долари. За споредба, Јокиќ претстојната сезона ќе зааработи „само“ 47,6 милиони долари.