Неочекувани проблеми за ТФТ

0Shares
0 0

Откако ја потресе македонската кошарка со договорот со Андреј Маслинко, ТФТ се соочи со неочекувани проблеми во пресрет на новата сезона.

На околу еден месец пред почетокот на подготовките, клубот од Тафталиџе остана без еден од кошаркарите врз кои беше планирано да се темели играта на тимот.

„Брендан Бејли нема да се врати за новата сезона. Поради принова во семејството и лични причини, ТФТ одлучи да му излезе во пресрет и да го ослободи од договорот, со што ќе му овозможи преку НБА Летната лига да најде евентуален ангажман во Г-лигата.

ТФТ уште ги има правата за Бејли за Европа. Во моментов се работи на пронаоѓање замена и веќе сме во контакт со 2-3 имиња. Очекуваме потпис во деновите што следуваат“, изјави за кош.мк, првиот човек на ТФТ, Боро Смилковски.

Бејли дојде во ТФТ во февруари годинава и одигра по четири натпревари во домашното првенство и БИБЛ лигата. За краткиот период покажа дека е извонреден играч и имаше просек од 13,2 поена и 4,7 скока во шампионатот и 11,3 поени и 2,8 скока во регионалното натпреварување.

0Shares
0 0