Навивачите на Партизан не сакаат да ја пропуштат шансата да му помогнат на својот омилен тим да дојде до првата шампионска титула во АБА лигата по пауза од една деценија и вечерва не ја наполнија, туку ја преполнија белградската Арена.
Според официјалниот податок на страната на АБА, на трибините се присутни 22.198 гледачи што е нов, апсолутен рекорд во регионалното натпреварување.

Оваа бројка е поголема дури од натпреварите на Партизан во Евролигата каде навивачите на „црно-белите“ најмногу стигнаа до 20.091 гледач.