Невидена доминација во Евролигата: 53-0 во една четвртина

0Shares
0 0

Екипата на Олимпијакос собори и израмни уште еден рекорд во првата четвртина од денешниот натпревар против Макаби на домашен терен.

Поранешниот тим на Перо Антиќ ги доби првите десет минути со 35-8 што е израмнување на највисоката разлика во првиот квартал од еден натпревар во историјата на Евролигата. Досегашниот рекорд го држеше Киндер (сегашен Виртус Болоња) од натпреварот против Естудијантес во февруари 2001 година кога водеше со 39-12.

Освен тоа, Олимпијакос собори еден рекорд кој тешко дека ќе падне во догледно време. Во таа фамозна прва четвртина, Грците остварија вкупен индекс 53, наспроти 0 на гостите, нешто што не се случило досега во Евролигата.

Олимпијакос погоди 8/10 за два, 5/9 за три и 4/5 од линијата за слободни фрлања, додека Макаби имаше 3/13 за два, 0/6 за три и 2/2 од „пенали“.

Во однос на она што се случуваше во првата четвртина, Макаби дури се избори за пристоен пораз бидејќи загуби со 73-90.

0Shares
0 0