Од доминацијата на Голден Стејт во втората половина од минатата деценија, ниедна екипа не успеала да ја одбрани титулата во НБА лигата.
Во последните пет сезони има пет различни шампиони во најсилното светско кошаркарско натпреварување. Низата почна од Торонто Репторс во 2019 година, потоа триумфираа Лос Анџелес Лејкерс, па Милвоки Бакс, лани повторно Голден Стејт и сезонава Денвер Нагетс. Не само што ниедна екипа не успеа да ја одбрани титулата, туку ниедна не освои повеќе од еден трофеј во овие пет сезони.
Последен пат тоа се случи кон крајот на 70. години на минатиот век со тоа што тогаш низата траеше шест сезони, поточно од 1975 до 1980 година. Почна Голден Стејт, а потоа следуваа Бостон Селтикс, Портланд Трејл Блејзерс, Вашингтон Булитс, Сиетл Суперсоникс и Лос Анџелес Лејкерс.