Ни 17 тројки не му стигнаа на Партизан

0Shares
0 0

Екипата на Партизан со два пораза се враќа од шпанската турнеја бидејќи по неуспехот во дуелот со Барселона, вечерва загуби и од Реал во Мадрид.

Европскиот вицешампион славеше со 105-97 и покрај тоа тоа што повеќе од половина поени, Партизан постигна со шут за тројка. „Црно-белите“ реализираа 17 тројки, осум од нив во првата четвртина во која постигнаа 40 поени, но дури ни тоа не беше доволно за изненадување во шпанската престолнина.

По 40-32 во првиот квартал, Реал го отвори вториот со 20-2 и поведе со 52-42, Партизан подоцна се доближи на 51-54, но домаќините не го испуштија водството до крајот на мечот. Реал на овој натпревар играше без петмина, а Партизан без тројца кошаркари.

Најефикасни беа Зек Лидеј и Серхио Љуљ со по 20 поени, а Таварес и Егзум реализираа по 17. За Партизан ова беше последен меч пред дербито од АБА лигата против Црвена Звезда.

РЕЗУЛТАТИ – ЕВРОЛИГА, 10. КОЛО
Црвена Звезда – Макаби 69-68
Олимпијакос – Алба 86-76
Милано – Фенербахче 72-82
Реал – Партизан 105-97
УТРЕ
Монако – Баерн 19:00
Панатинаикос – Асвел 20:00
Барселона – Басконија 20:30
Виртус – Анадолу Ефес 20:30
Валенсија – Жалгирис 20:45

0Shares
0 0