Нигеријците се светски хит: Се испофалија дека ги победиле САД, а го кријат дебаклот од Австралија

0Shares
0 0

Твитер профилот на нигериската репрезентација денеска е хит во светот откако одби да го објави резултатот од подготвителниот натпревар против Австралија.

Африканската селекција загуби со 69-108, но не можеше да се најде никаква информација во врска со мечот. Залудни беа барањата на навивачите од земјата и од странство, администраторот им порача да се снајдат на друго место.

Ваквата ситуација е уште поурнебесна ако се знае дека Нигеријците со полна уста се фалеа претходните денови за историските победи против САД и Аргентина, а сега порачуваа дека конечниот резултат не е важен. Дури уште како главна вест им стои конечниот исход од натпреварот против Американците.

Сепак, репрезентацијата е победник од натпреварите во Лас Вегас. Пред овие дуели, твитер профилот на нигериската селекција имаше околу 30 илјади следбеници,а сега има над 85 илјади.

0Shares
0 0