Скопската гимназија „Никола Карев“ е победник на Европското првенство за средношколци кое неделава се одржа во Скопје, во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија.
Во големото финале, „каревци“ го победија средното училиште „Бохумил Храбал“ од Чешка со 99-95. За најдобар игра на првенството е прогласен Ангел Стојанов од победничката екипа. Пехарот на новиот шампион му го додели градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, поранешен ученик токму на гимназијата „Никола Карев“.
Кај дамите триумфираше чешкото училиште „Припоточни“ од Прага која во финалето го совлада „Милорад Влашиќ“ од Босна и Херцеговина. Елиска Јаванска беше прогласена за МВП во оваа конкуренција.