Никола Велев сведок на пензионирањето на поранешниот тренер на Стеф Кари

0Shares
0 0

Младиот македонски стручњак Никола Велев последната недела е гостин на престижниот Универзитет Дејвидсон при што имаше можност лично да присуствува на означувањето на крајот на кариерата на еден од најпознатите и најдолговечни американски колеџ тренери.

По 33 години на клупата и на 73-годишна возраст, во пензија замина Боб Мекилоп кој ги водеше Вајлдкетс и кој му беше еден од првите тренери на Стеф Кари. Сегашната суперѕвезда на Голден Стејт, своите универзитетски денови ги помина токму на Дејвидсон, од 2006 до 2009 година, од каде влезе во НБА лигата како седми пик на драфтот, избран од Вориорс.

Прес-конференцијата на Мекилоп се одржа вчера, а на местото на легендарниот стручњак доаѓа неговиот син Мет кој ќе биде 19. тренер во историјата на Универзитетот Дејвидсон.

Што се однесува до Велев, тој останува во Северна Каролина уште една недела по што ќе ѝ се приклучи на јуниорската репрезентација на Македонија во која е асистент на Тони Симиќ.

0Shares
0 0